Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека се бори за власт, Трамп се „потежок“

Додека се бори за власт, Трамп се „потежок“

Доналд Трамп за година дена ја зголемил нето вредноста на својот имот за 100 милиони долари, јави Блумберг.

Вредноста на неговиот имот лани била 2,9 милијарди долари а во текот на едногодишната трансформација од не баш веројатен во сигурен кандидат за номинација на Републиканската партија на претседателските избори во САД е зголемена на три милијарди според индексот на милијардери на Блумберг.

Во изминатата година, тој зел нови кредити и ги продал акциите и обврзниците во вредноста од барем 50 милиони долари, а истовремено вредноста на неговите голф терени и истоимени кули на Менхетен нагло пораснала, наведува американската агенција.

Богатството на Трамп со децении е предмет на дискусија, а неговите проценки на сопствен имот се обично поповолни од тоа како го проценуваат други.

Откако стана кандидат за претседател Трамп повторува дека вреди повеќе од 10 милијарди долари, што како што напоменува, покажува дека е успешен бизнисмен.

Магазините Форчјун и Форбс лани го проценуваа неговото богатство на помалку од пет милијарди долари.

Блумберг има своја методологија за процена на богатствата на најбогатите луѓе во светот.

Агенцијата користи информации кои Трамп ги доставил до Сојузната изборна комисија во мај, податоци за хипотеки, договори за закуп, годишни извештаи од неговите голф терени во Европа, пазарни податоци за рента, продажба на хотели и слично.

Организацијата на Трамп ја оспорува таа методологија, а разликите помеѓу останатото се однесуваат и на процената на вредноста на „брендот Трамп“.

Трамп тврди дека лицената на неговото име на се од меѓународни хотели до душеци вреди 3,3 милијарди додека Блумберг го проценува на 35 милиони долари.

Слично

Поврзани вести