Додека ние се уште ја чекаме, некои земји веќе се влезени во 2019-та
Додека Европа има уште „многу“ да го чека моментот за честитање на Новата година, неколку земји веќе го прославија влегувањето во 2019-та.
Тринаесет часа порано, односно во 11 часот по средноевропско време, 200.000 жители на Самоа во Океанија веќе си честитаа и прославија со огномети, додека танчери и жонглери го забавуваа локалното население и туристите.
Жителите на Кирибати и Тонга исто така влегоа во Нова Година во 11 часот. Јужниот Пацифик им понуди посебна можност на туристите кога станува збор за влез во новата година. Оние кои сакаат на два пати да ја прослават Нова година за 24 часа може да прелетаат до 164 километри одалечената Американска Самоа, земја која се води како најзападна на светот и таму празникот ќе чукне по 24 часа..
Нов Зеланд, во 12 часот според средноевропско време календарски ќе биде во 2019-та, а во Австралија тоа ќе биде кога кај нас стрелките ќе покажат на 14 часот.
