Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека Европа се „пржи“, една земја е окована со снег

Додека Европа се „пржи“, една земја е окована со снег

Боливија е земјата која издаде предупредување до населението поради зголемена опасност од студ.

Властите издадоа предупредување во шест од вкупно девет региони.

Националната метеоролошка и хидролошка служба (Senamhi) прогласи портокалов аларм во западниот дел на земјата поради силни ветришта и снег. 

„Ситуацијата е најлоша во регионите Ла Паз, Оруро и Потоси“, изјави метеорологот Данило Помиер.

Неколку големи патишта се привремено затворени, меѓу кои и Ла Паз – Кочабамба, кој е непрооден поради магла и снег.

Предупредувањето е во сила сè до четврток или петок кога се очекува прекинување на врнежите и пораст на температурата.

Во меѓувреме, во Франција, Белгија и Холандија се измерени екстремно високи температури. 

Слично

Поврзани вести