Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доброволец рекол дека немаат храна и оружје во Мариупол и дека ќе мораат да се предадат

Доброволец рекол дека немаат храна и оружје во Мариупол и дека ќе мораат да се предадат

Британскиoт доброволец  Ајден Аслин, кој е во украинскиот град Мариупол вели дека ќе мораат да се предадат и дека веќе немаат храна и оружје. 

Тој е вклучен во борбите во Украина по преселувањето во земјата во 2018 година и се приклучил кон маринскиот корпус на украинската армија. Во последните недели единицата на Ајден е вклучена во одбраната на Мариупол. 

Неговата мајка Анг Вуд изјави за Би-би-си дека син ѝ ѝ рекол дека единицата нема друг избор, освен да се предаде.

„Ми се јави и рече дека веќе немаат оружје. Го сакам мојот син, тој е мојот херој. Се бореа како лавови. Звучеше добро“, изјави Анг Вуд за Би-би-си.

Русија на почетокот на војната најави дека ќе ги гони сите странски доброволци што ќе се борат на страната на Украина.

Како што кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски периодот од една недела ќе биде клучен за Украина. Се очекуваат жестоки борби во Донбас. На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина. 

Русија ја откри вистинската цел за војната во Украина. Нападот врз Украина има цел да го пресече патот кон целосна доминација на САД и другите западни земји.

Слично

Поврзани вести