„Добро размислете пред референдумот во Шкотска“
Британската кралица Елизабета Втора, иако најавуваше дека нема да се вмешува во кампањите во пресрет на референдумот за шкотска независност, сепак на крај реши да ги посоветува жителите на Шкотска.
Таа ги повикала жителите на регионот “многу добро да помислат за иднината”, пред да одат да го дадат својот глас за независноста на Шкотска.
Зборовите на кралицата се слушнаа во Шкотска, при што некои ги примија како доста остро и ја обвинија Елизабета II во поддршка на поддржувачите на единството на Велика Британија и интервенција во политичкиот живот на историската провинција.
Референдумот за независност на Шкотска е закажан за 18 септември.
Слично
