„Добро го познавам Путин“: Денис Родман ќе оди во Русија да и помогне на Бритни Грајнер!
Поранешната НБА ѕвезда Денис Родман, кој претходно се занимаваше со дипломатски иницијативи и воспостави неколку средби со севернокорејскиот владетел Ким Џонг Ун, денеска изјави дека планира да отпатува во Русија за да и помогне на затворената кошаркарка на WNBA Бритни Грајнер, според NBC News.
„Добив дозвола да одам во Русија за да и помогнам на оваа девојка“, изјави Родман за NBC. „Се обидувам да одам оваа недела“, додаде тој, за неговите напори за посредување.
Поранешниот член на славната генерација на Чикаго Булс, го нарече рускиот претседател Владимир Путин „кул“ во 2014 година. Тој исто така ја посети Северна Кореја неколку пати, вклучително беше таму и за роденденот на лидерот Ким. .
„Го познавам Путин многу добро“, рече Родман за неговиот однос со рускиот претседател, според NBC.
Гринер беше осудена на девет години затвор во Русија на почетокот на овој месец, откако беше прогласена за виновна за поседување и шверц на масло од канабис. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден поднесе предлог до Москва „да го олесни нејзиното ослободување“ со размена на затвореници.
Стејт Департментот издаде препорака со која ги обесхрабри Американците да ја посетат Русија.
