Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добри денови за продажбите на мало во CАД

Добри денови за продажбите на мало во CАД
Продажбите на мало во САД , надвор од автомобилскиот сектор , бележат зголемување во септември, покажуваат официјалните владини податоци. Тоа е доказ за добар развој на американската економија пред државната администрација на земјата да биде привремено суспендирана. Индексот на продажбата на мало, без да се вклучуваат оние на автомобилите, е зголемен за 0.4 % во септември - по слабиот раст од 0,1 % во август. Резултатите одговараат на просечните очекувања на аналитичарите. Вкупната продажба се намалила за 0,1 % , откако продажбата на нови автомобили паднаа најмногу од октомври 2012 година. "Корисниците продолжиле со набавките на стоки , покрај буџетските проблеми во САД " , коментира Милан Мулреин од TD Securities , пренесува од Bloomberg . Извештајот посочува изненадувачки пад на цените на големо во септември поради поевтинувањето на храната - доказ дека инфлацијата е во разумни граници.
Слично

Поврзани вести