Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБРА ВЕСТ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ: Наскоро ќе можат да патуваат во 29 земји

ДОБРА ВЕСТ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ: Наскоро ќе можат да патуваат во 29 земји

Германците ќе можат слободно да патуваат во 29 европски држави. 

Германија го укина предупредувањето за граѓаните да не патуваат во странство. 

Земјата го укинува генералното предупредување за патување во земјите од Европската Унија, како и во Велика Британија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн од 15 јуни, објави германскиот министер за надворешни работи, Хаико Мас.

„Од 15 јуни, предупредувањата се укинати, се разбира под претпоставка дека ситуацијата со пандемијата на коронавирус не се менува“, изјави Мас.

По 15 месецов се укинуваат предупредувањата кои се однесуваат за земји во кои владее опасност од тероризам или војна. Наместо тоа, се враќаат вообичаените упатства за патување во одделни земји.

Патувањето во Велика Британија сè уште не се препорачува поради двонеделниот карантин кој се спроведува при влегувањето во земјата.

Истото се однесува и за Норвешка и Шпанија, каде сè уште е на сила забраната за влез.

Но, потенцирано е дека нема повторно да се преземе никаква акција за враќање на германските туристи од странство како што беше случајот во март и април кога повеќе од 250.000 туристи беа вратени во Германија. 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во април повика да не се брза со планирање на одмори. 

При крајот на април таа изјави дека со други хигиенски мерки и со поголема физичка дистанца, сепак одмори ќе има. 

Слично

Поврзани вести