Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добивката на Toyota со отскокнување од 70% во третиот квартал

Добивката на Toyota со отскокнување од 70% во третиот квартал
Кварталната добивка на Toyota забележа отскокнување со 70% , откако поевтиниот јен и намалените трошоци и помогнаа на компанијата да го компензира лесниот пад во продажбата на автомобили , информира AP . Од Toyota Motor Corp . објавија денеска дека нето добивката на компанијата за периодот јули -септември се зголеми до 438.4 милијарди јени ( 4,4 милијарди долари ) во споредба со 257.9 милијарди јени година порано . Производителот на моделите Prius и Camry ја наду прогнозата за профитот за целата финансиска година заклучно со март 2014 година до 1.67 трилиони долари. јени ( 16,9 милијарди долари ) . Од Toyota сепак останаа без промена на прогнозата за продажбата на 9,1 милиони возила , очекувајќи дека поголемите од очекуваните продажби во Јапонија , Северна Америка и Европа ќе бидат придружени со пад на продажбата во Азија . Компанијата исто така ги наду плановите за капитални трошоци со 20 милијарди јени ( 203 милиони долари ) до 940 милијарди јени ( 9,5 милијарди долари ) . Тримесечната продажба на автопроизводителот падна до 2.24 милиони автомобили , во споредба со 2,25 милиони возила година порано . Минатиот месец Toyota објави дека продажбата на глобално ниво изнесува 7.41 милиони автомобили од почетокот на годината . Нивниот број останува речиси непроменет во споредба со претходната година , но засега Toyota води на General Motors во трката за најголем автопроизводител во светот .
Слично

Поврзани вести