„ДОБИВ ОТКАЗ ОД МЕТА“, СЕ РАСПЛАКА МЕГАН АРИЕЛ: На Тик Ток објави ЈАС СУМ МЕЃУ 11.000 ОТПУШТЕНИ
Меган Ариел,
досега вработена во Мета, вели дека тоа била нејзината работа од соништата.
Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, вчера преку писмо им се обрати на вработените во компанијата Мета и најави 11.000 отпуштања, а Меган Ариел на ТикТок тврди дека таа е една од нив.
„Помина околу еден час откако дознав дека добив отказ во „Мета“. Дел сум од 11.000 кои се отпуштени. Имав чувство дека тоа ќе се случи бидејќи бев во тимот за регрутирање и таму беа направени најголемите резови“, рече таа на почетокот на видеото што го објави вчера.
„Вчера си реков: „нека биде што ќе биде“, но денеска кога го добив мејлот станав толку емотивна и знам дека е нормално. Ова беше буквално мојата работа од соништата. Бев толку горда на себе кога ја добив. Сè уште сум многу горда на себе“, вели Ариел и се расплака.
@meganarielll After days of waiting, today I got laid off. #techlayoffs #metalayoff #nontechnicalintech #jobless #funemployed ♬ original sound - Megan Ariel
Таа се пофали дека пред Мета работела во Мајкрософт.
Мислам дека мојата работна биографија е сосема во ред, но сега е лош тајминг во економијата. Никогаш не мислев дека ќе можам да работам во ваква компанија“, вели таа.
Додава дека е свесна дека во животот ја очекуваат прекрасни работи, но поради отказот станала многу емотивна. Таа на сите им посака многу среќа ако поминат низ истото како и таа и верува дека сите ќе успеат да ја надминат оваа ситуација.
Мета е компанија во сопственост на Фејсбук. Бранот на
отпуштања, прв во 18-годишната историја на Мета, следи по илјадници отпуштања
во други големи технолошки компании, вклучувајќи го Твитер во сопственост на
Илон Маск и софтверскиот гигант Мајкрософт.
