Добрите резултати од САД и Кина ја поскапеа нафтата
Нов пораст денеска на цените на сировата поради добрите резултати во преработувачките сектори на двете најголеми светски економии САД и Кина. Нафтата за ориентациска испорака во март, во електронското тргување на Њујоршката берза, поскапе за 26 центи, на 96,70 долари за барел, јавија американските медиуми.
Во Лондон европската марка „брент“, што се користи за одредување на цената на различните типови странска нафта, поскапе за два цента, на 113,50 долари за барел.
САД вчера соопштија дека побарувачката на долготрајни добра од преработувачкиот сектор во декември била значително зголемена, а напредувал и секторот за недвижнини.
Слично
