Добиена битка за авторски права после 35 години!
Веројатно добар дел од вас се сеќаваат на бендот Вилиџ Пипл. Каубоец, Полицаец, градежен работник, војник и моторџија. Облечени во такви костими направија револуција во седумтесетите години, периодот во кој беа најктивни. Групата постои до ден денеска иако во значително променет состав. Како и да е постојано се на турнеја и настапуваат и заработуваат од песните кои се стари неколку декади.
Деновиве се појави една интересна вест со оваа веќе подзаборавена група. Еден од првичните членови, Виктор Вилис изјави дека по 35 години ги враќа авторските песни кои ги напишал за Вилиџ Пипл. Култната YMCA и не помалку познатите In the navy, Go West биле дел од песните кои ги напишал Вилис. Како што сите знаеме авторските права се многу битна работа на пазар голем 300 милиони жители (па и многу повеќе од тоа со оглед на тоа што цел свет ги слуша). Вилис кој бил многу млад кога членувал во групата потпишал договор со кој се откажува за правата за тантиеми. Ништо чудно со оглед на тоа што во тоа време му било доволно да членува во бендот.
Но од тоа не може да се живее постојано...
Па така кога Вилис си заминал од бендот останал без ништо те само од старата слава која не ги плаќа сметките. За негова среќа во 1978 година во САД бил донесен закон со кој авторите кои се откажале од нивните дела имаат право после 35 години да ги вратат правата за песните кои ги напишале. Голем дел од авторите се договарале со продуцентите и порано со цел да добијат нешто, но Вилис чекал до крај и на крајот победил. 2013 година и овој период е времето кога поминуваат 35 години и доаѓа периодот кога Вилис ќе може добро да наплати за своите авторки права. Интересно, за песните напишани пред 1978 година не може да бара права затоа што тоагаш овој закон не бил донесен и немал важност.
Сега Вилис има моќ да прави што сака со песните. Веројатно ќе го избере најпрофитабилниот начин.
Редакција Фактор
Слично
