Доби орден од Путин, а сега вели дека за Макиивка е подобро Русија да молчи
Рускиот новинар Семјон Пегов, кој доби Орден за храброст од рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тврдењето дека нападот во Макиивка се случил поради употреба на мобилен телефон „не е многу убедливо“.
Пегов верува дека бројот на жртви ќе продолжи да се зголемува. Кажа дека за овој случај е подобро да се молчи отколку да се префрла вината.
„Објавените податоци најверојатно се однесуваат на оние кои веднаш биле идентификувани. Списокот на исчезнатите е, за жал, значително подолг. Изворите не можам да ги откријам, но ги сметам за сигурни“, изјави Пегов, пренесува Sky News.
Русија информира дека ракетниот напад на Нова година во кој загина 89 руски војници се случил затоа што војниците не ја почитувале забраната и ги користеле нивните мобилни телефони.
