Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОАЃА НОВАТА КЛАСА ТАЈКУНИ: Оние кои ќе стекнат сопственост на запленетите странски имоти, би можеле да станат новата категорија руски олигарси

ДОАЃА НОВАТА КЛАСА ТАЈКУНИ: Оние кои ќе стекнат сопственост на запленетите странски имоти, би можеле да станат новата категорија руски олигарси

Русија објави дека размислува за запленување на имотот на странските компании кои ја напуштаат земјата. Ова може да создаде нова класа на олигарси, изјави за Business Insider Хасан Малик, експерт за руски финансии.

Оние кои ќе успеат да стекнат сопственост на запленетиот имот по продажни цени преку државни аукции, би можеле да станат нова класа на олигарси и тајкуни.

„Секако дека постои ризик токму да сведочиме на создавање на нова класа на придружни капиталисти или олигарси“, изјави Малик за Инсајдер.

Со оглед на тоа што меѓународните компании масовно ја напуштаат Русија, тие оставаат зад себе имот, како што се фабрики и канцеларии и слични недвижности кои сè уште се функционални. Според Асошиејтед прес, рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе преземе такви неактивни, но продуктивни средства, велејќи им на владините претставници дека Кремљ ќе се обиде да „воведе надворешно управување и потоа да ги пренесе тие компании на оние кои навистина сакаат да работат“.

Почнуваат аукциите

Како што објави Блумберг пред десетина дена, руското Министерство за економија објави дека имотот може да се продаде на аукција.

„Тие аукции би можеле да ги одразуваат контроверзните ‚акционерски заеми' од 1990-тите, лансирани од поранешниот руски претседател Борис Елцин“, изјави Малик за „Инсајдер“.

За потсетување, во тоа време богатите руски бизнисмени и банки блиски до владата и позајмуваа пари на владата во замена за акции во државни индустриски компании. Акциите беа купени по „ниски цени“, а Малик ги опиша тие зделки како „слатки зделки“ бидејќи кога руската држава „предвидливо доцнеше“ со заемите, доверителите им ги запленија акциите.

„Тоа создаде генерација на нечуени богати олигарси“, објаснува Малик, кој е автор и на книгата „Банкери и болшевици“, која се занимава со финансиите во раните 1900-ти за време на Руската револуција.

Најбогатиот човек во Русија, Владимир Потанин, своето огромно богатство го стекна преку шемата за „заеми со акции“ кога го купи Норникел, а на сличен начин се збогати и милијардерот Роман Абрамович, кој преку програмата се здоби со контролен удел во нафтената компанија „Сибнефт“.

Како што предупредува Малик, денеска руската влада, на која моментално и е очајна потребата од средства поради меѓународните санкции со кои се соочуваат, би можела со попуст да го пренесе конфискуваниот странски имот на омилените инвеститори.

Имајќи ја предвид нивната историја, и тоа како е можно да се случи такво нешто“, изјави тој во интервју за Business Insider.

Тој, исто така, забележува дека Кремљ може да отвори такви аукции за странски играчи и инвеститори, што би можело да привлече инвеститори кои бараат начин до тој пазар.

„Можеби има играчи од земји кои биле навредени од западните санкции“, рече Малик, додавајќи дека потенцијалните инвеститори би можеле да дојдат од земји како Кина, Индија или Блискиот Исток кои не го осудуваат рускиот напад врз Украина.

Малик смета дека, меѓу нив, Кина најверојатно ќе го преземе водството во потрагата по инвестиции во Русија, бидејќи има поголемо влијание во односите на моќ со Западот од многу други земји.

Тој тврди дека големите државни компании веројатно нема да ризикуваат меѓународни санкции, но, од друга страна, инвеститорите би можеле да основаат подружници или сестрински компании кои работат и тргуваат само во Кина и Русија за да ги заобиколат тие ограничувања.

Патем, се чини дека Кина веќе ги разгледува и проучува можностите за инвестирање на рускиот пазар. Џанг Ханхуи, кинескиот амбасадор во Русија, им рече на група деловни лидери во Москва во неделата да ги искористат можностите што претстојат. Ова беше објавено на официјалната сметка на WeChat на Здружението за промоција на конфучијанската култура. Иако Џанг официјално не ги спомна санкциите, тој им рече на деловните лидери дека меѓународната ситуација е „комплицирана“ поради големите компании кои се соочуваат со проблеми во синџирите на снабдување и плаќање. „Ова е време кога приватните, малите и средните претпријатија можат да играат улога“, посочи Џанг.

Извор: Курир.рс/B92

Слично

Поврзани вести