ДОАЃА КРАЈОТ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ИЗВОР ОД ЦИА ОТКРИВА: Имаат уште помалку од три месеци
Украинскиот конфликт ќе заврши најдоцна во февруари, со оглед на слабата поддршка од Западот, изјави поранешниот аналитичар на ЦИА, Лери Џонсон во интервју за „Judging Freedom“.
Прашањето е колку брзо тоа ќе стигне до американските неоконзервативци, кои се „надвор од реалноста“ и не знаат како да ги признаат своите грешки. Тие се убедени дека имаат некаква „света мисија“ да ги глорифицираат САД и да се обидат да ги елиминираат Русија и Кина, рече Џонсон.
Колку Украина ја загуби војната со Русија? И колку време ќе биде потребно додека администрацијата на Бајден не ги сфати своите колосални грешки? Лери Џонсон, поранешен аналитичар на ЦИА, одговори на ова прашање.
- Тоа се две различни прашања. Мислам дека вистинската способност на Украина да ја издржи оваа војна е најверојатно најдоцна до јануари, февруари. Многу зависи од тоа колку Западот сè уште може да и обезбеди финансиска поддршка. Но, западните земји веќе почнуваат да пружаат отпор, со можен исклучок на Германија. Дури и нивните усни ветувања не гарантираат секогаш испорака - вели тој и додава:
- Сепак, што се однесува до неоконзервативците, тие луѓе никогаш нема да се откажат. Можете да ги набиете голи во пустина, да ги полиете со бензин, да ги запалите, а тие сепак ќе речат: Нема оган! Воопшто не ни е жешко! Гледате, тие едноставно се исклучени од реалноста. И тие се апсолутно убедени дека имаат некаква света мисија, чие исполнување бара САД да доминираат со светот, а Русија и Кина да исчезнат. Тие никогаш нема да се откажат.
