Доаѓа ли распадот на Европската унија?
Третина од Европејците сакаат излез од ЕУ, а речиси половина Европејци сакаат референдум за членството во унијата.
Денеска се одбележува Денот на Eвропа, кој е посветен на мирот и обединувањето. Денот ќе се слави со различни настани во голем број земји-членки на Европската унија.
Студија, пренесена од Ројтерс, сепак, покажува дека според анкети речиси половина Европејци сакаат референдум за членството на нивните земји во ЕУ по примерот на британскиот. Анкетата е спроведена во 8 земји членки - Германија, Шпанија, Италија, Полска, Унгарија, Франција и Шведска. Ова се случува на повеќе од еден месец пред референдумот за иднината на Велика Британија во унијата. Според резултатите 45% од учесниците се изјасниле дека сакаат свикување на свој референдум, а една третина од нив директно тврдат дека сакаат излегување од ЕУ ако е тоа можно.
