ДО ПОЧЕТОКОТ НА ЕСЕНТА БРИТАНЦИТЕ ЌЕ ИМААТ ТАБЛЕТИ ПРОТИВ КОВИД: Премиерот Џонсон најави нов амбициозен план
Британскиот
премиер Борис Џонсон го соопшти идниот план за справување со корона вирусот, а
тоа е како што најави на прес-конференција од неговиуот кабинет, до почетокот
на есента Британците да
добијат можност за поинаков начин за борба против Ковиуд-19. Во обраќањето до
јавноста истакна дека ќе формира владина работна група чија цел ќе биде да ги
идентификуваат најефикасните антивирусни лекови кои ќе може граѓаните сами да
се лекуваат дома.
Џонсон истакна дека акцијата е замислена како „понатамошна линија на медицинска одбрана“ против коронавирусот.
Цитиран од Daily Record, британскиот премиер истакна:
„Ова значи, на пример, дека ако имате позитивен тест може да има таблета, може да ја однесете дома за да го запрете вирусот во трагите и значително да ја намалите можноста за инфекција да се претвори во потешка болест. Или, ако живеете со некој што има позитивен тест, може да има таблета што би ја пиеле неколку дена за да го запрете заболувањето кај вас“.
Да се има најмалку два ефикасни лека е целта на британската влада за оваа година. Тие би биле во форма на таблета или капсули кои граѓаните ќе може да ги пијат дома во случај да се позитивни на Ковид-19 или пак да биле во контакт со заболен од корона вирусот.
Новите лекови, најавени од премиерот, можат да помогнат во спречување на порастот на инфекции и ограничување на влијанието на новите варијанти на Ковид-19.
Џонсон како и повеќето научници во Велика Британија смета дека може да да се случи уште еден силен бран на вирусот, заради штои истакна:
„Затоа мораме, колку што е можно да научиме да живееме со оваа болест, како што живееме со други болести“.
