До 100 евра од банкомат, нови ограничувања за Кипарците
Од банкоматите на сите кипарски банки ќе може да се подигне износ од најмногу 100 евра за да се спречи одлив на парите, одлучи денеска Централната банка на Кипар.
Според портпаролот на втората по големина банка „Кипарската национална банка“ која уште претходно постави ограничување од 260 евра, новата мерка стапила на сила во 12 часот и ќе важи до отворањето на банките во вторник или до потврдата дека е постигнат договор во Брисел за дополнително финансирање на Кипар.
Министрите за финансии на 17 членки на еврозоната се состануваат вечерва во Брисел на вонреден состанок за да изнајдат решение за Кипар.
Слично
