До 1 мај оваа дестинација го ограничува бројот на туристи
Венеција постави привремени капии на краевите на два моста со цел да го контролира приливот на туристи, a lокалните власти oваа мерка ќе ја применуваат од денеска до 1 мај.
Вишокот туристи ќе биде вратен назад.
До попладневните часови, градските полицајци кои го следат приливот на туристи проценија дека тие не се премногу, па капиите досега не се затворени.
Бројот на туристи што ја посетуваат Венеција е многу поголем од бројот на жители на градот, така што тесните улици во екот на туристичката сезона скоро се непроодни.
Метеж настанува кога од бродовите ќе слезат во исто време илјадници туристи.
Слично
