Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дмитриј Рогозин откако беше ранет во Доњецк: Ќе преживеам, некој кажа дека сум таму

Дмитриј Рогозин откако беше ранет во Доњецк: Ќе преживеам, некој кажа дека сум таму

Поранешниот шеф на руската државната корпорација Роскосмос, Дмитриј Рогозин зборуваше по гранатирањето на хотел и ресторан во Доњецк во кој бил и самиот. Од гранатирањето тој бил повреден, но медиумите пренесуваат дека тој е добар и изјавил: Жив сум, ќе преживеам.

Претходно медиумите објавија дека Рогозин таму го прославил роденденот, а Рогозин истакнал дека имал работна средба таму, со напомена дека некој кажал дека е присутен во објектот.

- Тоа беше работна средба, во тесен круг и во мирна атмосфера по враќањето од една наша волонтерска единица. Во овој хотел престојуваме во последните неколку месеци. Околу 19 часот и 45 минути имаше неколку удари со висока прецизност, вклучително и местото каде што бевме директно сместени - напиша Рогозин на својот канал „Телеграм“.


Според поранешниот прв човек на Роскосмос, гранатирањето на хотелот не било случајно, имајќи предвид дека „осум години непријателот никогаш не го гранатирал ова место“.

Тој вели дека некој дал информација „дека сум таму и неколку проектили од 120 или 155 милиметри го погодија местото каде што бевме присутни во 19:45 часот. Истрагата наскоро ќе разјасни кој не нападна и каде го направи тоа“, пренесува Нова газета Европа.

Рогозин истакна и дека бил ранет од метален дел од 3×4 кој го удрил веднаш над рамото. По инцидентот на Рогозин ќе му биде потребна операција.

Малку порано, РИА Новости, повикувајќи се на извештаи на лекарите, објави дека Рогозин бил застрелан во 'рбетот.

Според шефот на анектираната ДПР Денис Пушкилин, две лица загинале како резултат на гранатирање. Покрај Рогозин, ранет е и премиерот на самопрогласената република Виталиј Коценко.

Владимир Путин, да потсетиме, во јули го смени Рогозин од позицијата директор на Роскосмос, на негово место дојде Јуриј Борисов, поранешниот вицепремиер.

По смената, Рогозин објавил дека оди во Донбас, каде што формирал „група воени советници наречени Царски волци“.

Слично

Поврзани вести