Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДМИТРИЈ РОГОЗИН Е РАНЕТ ВО ДОЊЕЦК: Екс-директорот на Роскосмос бил хотел што го гранатирале Украинците

ДМИТРИЈ РОГОЗИН Е РАНЕТ ВО ДОЊЕЦК: Екс-директорот на Роскосмос бил хотел што го гранатирале Украинците

Поранешниот директор на Роскосмос Дмитриј Рогозин е ранет за време на украинското гранатирање на хотел во Доњецк, изјави неговиот помошник за ТАСС.

Рогозин, кој ја предводи групата воени советници Царски Вукови во Донбас, е префрлен во болница и е надвор од животна опасност, вели тој, и додава дека при гранатирањето се ранети уште неколку лица.

„Гранатиран е хотел во предградието на Доњецк, каде што престојувал тим од воени советници предводени од Дмитриј Рогозин. Дмитриј бил ранет во грбот“, објаснил помошникот на Рогозин.

Тој за РИА Новости изјави дека нападот бил извршен со прецизно наведувана муниција, најверојатно од самоодниот артилериски систем Цезар, калибар 155 милиметри.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести