ДЛАБОКО ВО РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина тврди дека погодила фабрика за дронови
Украина тврди дека нападнала руска фабрика за дронови длабоко во територијата на Русија.
Украинските вооружени сили денеска информираа дека извршиле напад врз руски објект за производство на беспилотни летала во градот Јелабуга, над 1.000 километри оддалечен од границата со Украина.
Фабриката, според украинските податоци, има капацитет за производство на 300 дрона дневно.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина.
„Трамп е разочаран од темпото на разговорите за ставање крај на војната во Украина, а претседателот Володимир Зеленски се движи во погрешна насока во однос на преговорите“, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Таа вели дека неговото трпение е при крај.
