Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дизелот го скрати животот во градовите, најлошо во Букурешт

Дизелот го скрати животот во градовите, најлошо во Букурешт

Главниот град на Романија Букурешт во конкуренција од  25 европски градови е прогласен за градот каде животниот век кај луѓето е најмногу намален како резултат на загадувањето на воздухот.

Анкетата покажува дека загадувањето на воздухот е толку големо што сериозно влијае врз здравјето на жителите и може да предизвика срцеви и белодробни заболувања, со што секрати животниот век.

Истражувања, кои биле вршени во период од 15 години, покажале дека жителите на еден град, како што е на пример Париз, можат да загубат меѓу три и седум месеци од својот живот поради загадениот воздух.

Во Букурешт, пак, намалувањето на животниот век е најголемо и може да достигне 22 месеца. Како главна причина за загадувањето е густиот сообраќај пред се од автомобилите кои користат дизел гориво.
Слично

Поврзани вести