Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИЗЕЛАШИТЕ ОДАТ ВО ЗАБОРАВ: Доаѓаат големи проблеми за VW

ДИЗЕЛАШИТЕ ОДАТ ВО ЗАБОРАВ: Доаѓаат големи проблеми за VW

Преминот на производство на возила на електричен погон во компанијата „Фолксваген“ може да предизвика укинување на голем број работни места.

Тоа го рекол шефот на Кадровската служба во германскиот автомобилски гигант Карлхајнц Блесинг.

Блесинг за германскиот дневник „Франкфуртер Алемајнце цајтунг“ укажал на тоа дека возилата на електричен погон имаат многу помалку делови од автомобилите со мотори на внатрешно согорување така што за нивното производство ќе биде потребно многу помалку работници.

Тој истакнал дека нема да има отпуштања, но дека ќе биде намалена работната сила.

„Не се во прашање само неколку стотици работни места . Доколку тоа го набљудуваме во наредните години, тоа ќе биде петоцифрена бројка ширум светот“, вели Блесинг.

Да потсетиме, владата во Холандија разгледува воведување на иновативен еколошки закон, а властите покренале дебата за забрана на продажбата на нови автомобили на дизел и бензин од 2025 година.

Слично

Поврзани вести