Дизајнерите Долче и Габана во затвор?
Казна од две години и шест месеци затвор побара обвинителството во Милано за славните дизајнери Долче и Габана, поради долг од милијарда евра.
Обвинителот Гаетано Рута изјавил пред судот дека модните дизајнери Долче и Габана затаиле данок, секој по 416 милиони евра и уште 200 милиони преку една компанија со седиште во Луксембург.
Судиите пред две години поради застареност ја отфрлиле тужбата за затајување данок против модните дизајнери, чиј бренд Долче и Габана претставува еден од најценетите во модната индустрија во Милано.
Врховниот суд во италија затоа, по жалба на тужителот, оцени дека може да им биде судено за затајување данок.
Слично
