ДИВЕЕ СО НОЖ, ГРАЃАНИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО ЗАПРАТ: Напаѓачот во Вирцбург уби тројца
На социјалните мрежи се појави видео од напаѓачот во германскиот град Вирцбург кој попладнево уби тројца, и шестмина луѓе повреди. Тој среде бел ден дивее со нож, а граѓаните и полицијата на разни начини се обидуваат да го сопрат. Некои употребуваат и столчиња од блиските кафулиња.
Полицијата потврди дека неколку лица биле убиени и повредени и дека еден напаѓач бил застрелан. Ситуацијата сега е под контрола, рекоа тие, но засега нема информации за можниот мотив за нападот.
„Напаѓачот беше совладан откако полицијата употреби огнено оружје“, објави полицијата на Долна Франконија на Твитер. „Нема индиции за втор осомничен. Нема опасност за населението“.
Слично
