ДИСКРЕДИТАЦИЈА НА ПУТИН: Москва се огласи по повод аферата за перење пари во Панама
Медиумските извештаи за наводна поврзаност на рускиот претседател Владимир Путин и офшор трансакци вредни неколку милијарди долари имаат за цел да го дискредитираат рускиот лидер во пресрет на претстојните избори, рекол денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Главна мета на дезинформации е нашиот претседател, посебно имајќи ги предвид претстојните парламентарни избори и долгорочно гледано, претседателски избори за две години“ рекол Песков на конференцијата за новианри во Москва.
Парламентарните избори се предвидени за септември, потсетуваат странските агенции.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/04/04/mapa-i-dve-makedonski-kompanii-vo-dokumentite-na-panama/" target="blank" ]МАПА: И две македонски компании во „Документите на Панама“[/button]
Според зборовите на Песков, „путинофобијата“ во странство го достигнала тоа ниво што е практично табу да се каже нешто добро за Русија.
„Но, неопходно е да се кажат лоши работи, многу лоши работи, а кога нема што да се каже треба да ги измислиме. За нас тоа е очигледно“, рекол Песков додавајќи дека она што е објавено не содржи ништо конкретно и ништо ново за Путин.
Тој нагласил и дека Путин е „главна мета“, но дека тој не е вмешан во никакви недозволени работи.
Мрежата на тајни офшор договори и високи позајмувања во вредност од две милијарди долари води до Владимир Путин, наведоа „Гардијан“ и „БиБиСи“ повикувајќи се на протечените во јавност податоци , кои покажуваат дека тие пари го направиле „неверојатно богат“ кругот на луѓе околу Владимир Путин.
Иако името на рускиот претседател не се појавува ниту во еден од документите, податоците откриваат дека постои образец: неговите пријатели заработиле милиони од бизниси кои изгледа не можеле да поминат без покровителство на Путин.
Документите укажуваат на тоа дека семејството на Путин имало корист од тие пари, наведува Гардијан.
Појавените информации се дел од уште милион појавени документи од базата на податоци на четвртата најголема офшор адвокатска фирма Mosak Fonseka” (Mossack Fonseca) . Тој ланец почнува во Панама, оди преку Русија, Швајцарија и Кипар, а вклучува и приватно скијалиште каде се венчаше младата ќерка на Путин во 2013 година.
На листата, како што објавивме, се најдоа и две македонски компании.
