Директорот на Националниот центар за борба против тероризмот во САД поднесе оставка, тој е против војната во Иран
Џо Кент објави дека поднесува оставка од функцијата директор на Националниот центар за борба против тероризмот бидејќи се спротивставува на војната во Иран и го повикува Трамп да „го промени курсот“. Тој тврди дека високи израелски функционери и влијателни американски новинари шират дезинформации што го наведоа Трамп да ја поткопа сопствената политика „Америка на прво место“.
„Иран не претставува непосредна закана за САД, а администрацијата на Трамп ја почна оваа војна под притисок од Израел и неговото моќно американско лоби“, напиша тој.
Кент е ветеран од американските специјални сили и Централната разузнавачка агенција (ЦИА).
Тој беше во брак со Шенон Кент, техничар за криптографија на морнарицата, која загина во самоубиствен бомбашки напад во Сирија во 2019 година.
Би-би-си контактираше со Белата куќа за коментар за оставката на Кент.
Џо Кент беше двапати републикански кандидат за Конгрес од Вашингтон, но никогаш не беше избран. На 28 минатиот месец, САД и Израел ја почнаа војната против Иран.
