Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот на ФБИ: „Исламска држава“ е поголема закана од „Ал Каеда“

Директорот на ФБИ: „Исламска држава“ е поголема закана од „Ал Каеда“

Обидите на радикалната исламистичка група „Исламска држава“ (ИД) да привлечат Американци со проблеми кон џихадот и насилството станаа најголема терористичка закана за САД. Според директорот на ФБИ, Џејмс Коми, заканата од внатрешни напади е поголема од онаа на потенцијалните надворешни напади на Ал Каеда, соопштија американските медиуми.

Според податоците на ФБИ, стратегијата на „Исламска држава“  да ги користи социјалните мрежи како средство за регрутирање на нови приврзаници е доста успешна. Не е познат точниот број на Американци кои се приклучиле на „ИД“.

Според зборовите на Коми, повикот на „ИД“ кон луѓето кои не можат да патуваат до Блискиот Исток „да убиваат, таму каде што се“ може да има штетни последици за националната безбедност на САД.

Во последните осум недели се уапсени значителен број радикализирани граѓани според информации на Коми. Тој не посочи точен број, но прецизира дека неколку лица се уапсени за планирање на напади, околу националниот празник четврти јули.

Слично

Поврзани вести