Економија, финансии, бизнис

Контакт

Директорот им плаќа 7.500 долари само за да одат на одмор

Директорот им плаќа 7.500 долари само за да одат на одмор
Барт Лоранг , можеби и „најдобриот шеф на светот‘‘ и извршен дирeктор на фирмата FUllContact APL  од Денвер,  верува дека на конкурентниот ИТ пазар , е многу важно своите вработени да ги „држи задоволни и свежи‘‘. Затоа им нуди 7.5000  долари за да одат на вистинско платено отсуство, пренесува ABC News . Но, постојат и некои правила. „Како прво, за да ги добијат тие пари, мораат да одат на одмор‘‘ - појаснува Лоранг. „Како второ, мораат да се исклучат  од работата , што значи дека нема телефонирање, праќање мејлови, односно, не постои  апсолутно никаква работа.‘‘ Додека  и самиот признава дека му е тешко да се држи до своите правила ,  неговите вработени се пресреќни дека фирмата е спремна да ја подмири сметката за нивниот одмор. „Тоа е навистина вистински одмор за мозокот. Се враќаш свеж и со поголема возбуда пристапуваш кон она што си ги работел, отколку, пред да заминеш на одмор‘‘ - вели вработениот во фирмата, Роби Џек.   Технолошките компании се познати по екстравагантните пакети што им ги нудат на своите вработени. Така на  пример , Гугл обезбедува здравствена заштита на работното место и го плаќа студирањето, додека вработените во Фејсбук добиваат 4.000 долари за новороденото дете. За сите оние кои се заинтересирани фирмата да им го плати одморот , добрата вест е што Лоранг во идните месеци планира да вработи уште 12 нови работници.
Слично

Поврзани вести