Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИПЛОМЕЦОТ НА СТЕНФОРД Е КРИПТОМИЛЈАРДЕРОТ ШТО СЕ КРИЕ ВО СРБИЈА: До Квон работел во Епл и Мајкрософт, а сега го бара Интерпол

ДИПЛОМЕЦОТ НА СТЕНФОРД Е КРИПТОМИЛЈАРДЕРОТ ШТО СЕ КРИЕ ВО СРБИЈА: До Квон работел во Епл и Мајкрософт, а сега го бара Интерпол

До Квон, претприемач од Јужна Кореја, кој наводно се крие во Србија под обвинение за измама и прекршување на пазарот на капитал, е сопственик на компанијата „Тераформ“ и е креатор на криптовалутата „Луна“, а нејзиниот колапс понесе со себе вредност од околу 40 милијарди долари. Според аналитичарите, се смета дека тоа е најголем колапс од која било од бројните криптовалути досега.

Обвинителството на Сеул објави дека има намера да соработува со српските власти за заеднички да го уапсат Квон, по кого во септември беше распишана потерница од Интерпол. Квон наводно отишол во Дубаи од Сингапур, а потоа се изгубил и се верува дека заминал во непозната земја. Тој неодамна на својот „Твитер“ профил се огласи и порача дека не е во бегство и дека ништо не крие. Во таа прилика тој не откри каде точно се наоѓа.

Кој е До Квон?

До Квон е роден во 1991 година. Студирал компјутерски науки на престижниот универзитет Стенфорд во Соединетите Американски Држави и дипломирал во 2015 година. Ја основал компанијата „Анифи“, а пред тоа работел како инженер во компаниите „Епл“ и „Мајкрософт“. Во 2019 година, тој беше вклучен во листата на Форбс „30 под 30 години“. Во 2016 година ја основа телекомуникациската компанија „Анифи“. Тој беше генерален директор на таа компанија до 2017 година. Една година подоцна, во 2018 година, тој ја основа „Terraform Labs“ со Даниел Шин, технолошка компанија „blockchain“ која има за цел да создаде децентрализирана криптовалута со стабилна цена. Таа компанија разви „Terra Proof of Stake“ што е јавен блокчејн изграден на „Cosmos SDK“. Новооснованата компанија ја „минирала“ тогашната стабилна монета „Луна“ која се користи како изворно средство на блокчејнот „Теraform Labs" компанија. Јужна Кореја се надоврза на извештаите за тоа каде се наоѓа До Квон. Тој во моментов наводно е во Србија и потврдено е дека навистина е во Србија.

„Неодамна добивме разузнавачки информации дека извршниот директор Квон е во Србија и се покажа дека е вистина“, изјави еден функционер за агенцијата. “.

Потерница од Интерпол

На почетокот на октомври, јужнокорејските власти го започнаа процесот на одземање на пасошот на Квон, чија компанија стои зад драматичниот колапс на криптовалутите од 60 милијарди долари. Полицијата уапси и едно лице во врска со операциите на Квон. Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја му нареди на Квон да го врати пасошот до 19 октомври во спротивно ќе се соочи со одземање на неговиот документ. Јужнокорејските власти се обидоа да го уапсат Квон во септември и тврдеа дека тој е во бегство. Обвинителите рекоа дека Интерпол, глобалната полициска организација, издаде „Црвена потерница“ за него. Ваквите налози се издаваат на бегалци кои се бараат или за кривично гонење или за издржување казна. Квон, сепак, инсистираше на тоа дека не е во бегство, но тогаш сè уште не знаеше каде се наоѓа. Обвинителството на Јужната област во Сеул, кое го гони Квон, потоа го обвини основачот и уште пет други лица за прекршување на законот за пазарот на капитал и измама.

Во тек е глобална потрага по него.

ФОТО: YOUTUBE/SCREENSHOT

Слично

Поврзани вести