ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ: Принцот Чарлс го споредил Путин со Хитлер?
Односите меѓу Лондон и Москва се сериозно разнишани по информациите дека британскиот принц Чарлс во изјава неумесно го споредил рускиот претседател Владимир Путин со Адолф Хитлер.
Според пишувањата на медиумите во Лондон, британскиот престолонаследник за време на посетата на Канада, разговарал со Маријана Фергусон, 78-годишна жена која на 13 години побегнала од нацистите, а целото семејство го загубила во Холокаустот.
„А Путин сега го прави речиси истото што тогаш го правеше Хитлер“, рекол притоа принцот Чарлс. „Бев многу изненадена кога го кажа тоа, со оглед на тоа што знам дека членовите на кралското семејство не треба да изнесуваат такви коментари, но овој беше многу искрен“, потврдила и Фергусон.
Оваа изјава предизвика остри реакции во јавноста, особено од официјална Москва која побара објаснување од Лондон за овој скандал. „Ако тие зборови навистина се изговорени, тоа секако не му служи на чест на идниот британски монарх“, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александер Лукачевич.
Од Кабинетот на принцот Чарлс не ја демантираа спорната изјава, само истакнаа дека не коментираат приватни разговори не Неговото величество.
Слично
