Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дипломатите сакаат да го однесат Зеленски во Њујорк, но стравуваат за неговиот живот

Дипломатите сакаат да го однесат Зеленски во Њујорк, но стравуваат за неговиот живот

Дипломатите се обидуваат да ја организираат посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември.

Тоа ќе биде негова прва посета во странство од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Зеленски е на листата на говорници на најголемиот годишен состанок на ОН во средината на септември, но Сленко нагласи дека тоа може да се промени. Дали ќе има посета сѐ уште не е јасно, додаде тој.

Извори од Советот за безбедност на ОН потврдија дека украинската мисија ја подготвува посетата на Зеленски на годишниот собир на претседатели на држави и влади.

Сепак, дипломатите предупредуваат дека секое патување на украинскиот претседател претставува голем ризик за неговиот живот.

Тие додаваат дека одлуката ќе биде поврзана со развојот на воените настани во Украина.


Слично

Поврзани вести