Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дипломатите повикаа на продолжување на прекинот на огнот

Дипломатите повикаа на продолжување на прекинот на огнот

Шефовите на дипломатиите од САД, Европа и од Блискиот исток денеска повикаа на продолжување на 12-часовниот прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас и појасот Газа.

„Сите ние ги повикуваме сите страни да го продолжат хуманитарниот прекин на оган кој е во тек“, им рече министерот за надворешни работи на Франција Лоран Фабијус на новинарите после состанокот на кој присуствуваа министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Катар, Турција и САД.

„Сите ние сакаме да постигнеме, што е можно порано, одржлив прекин на огнот со преговорите, кој одговара и на потребите на Израел во однос на безбедноста и на палестинските потреби во однос на социјално-економскиот развој (Газа) и пристап на територијата на Газа“, објасни Фабијус. Министрите се состанаа во Париз заедно со високиот дипломат на ЕУ Пјер Вимонт на денот кога Израел започна со 12-часовниот прекин на огнот во текот кога војската продолжила да бара тунели кои ги користат екстремистите, наведува Ројтерс.

Исламистичкото движење Хамас најави дека сите палестински фракции ќе го почитуваат ова кратко примирје.

„Израел напнува кон продолжување на прекинот на огнот“, изјави еден владин извор.
„Што се однесува до Израел, нема причина да се спречи народот на Газа да ги обнови залихите, се дотогаш војската може да го продолжи работењето против тунелот. Нашата војна не е против народот“, изјавил неименуван извор. Меѓународните напори да се стави крај на 19 дневното насилство, во кое се убиени повеќе од 1000 Палестинци, го предводи државниот секретар на САД Џон Кери.
Тој денеска продолжи да настојува за овие напори во Париз на состанокот со шефовите на дипломатиите на Турција и Катар кои го поддржуваат Хамас.
Слично

Поврзани вести