Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дипломатите му должат на Њујорк 16 милиони долари за неплатен паркинг!

Дипломатите му должат на Њујорк 16 милиони долари за неплатен паркинг!
Странските дипломати му должат на градот Њујорк повеќе од 16 милиони американски долари за неплатен паркинг за дипломатските возила, покажаа податоците на њујоршките градски служби во деновите кога овој град е седиште на светската дипломатија. Одделението за финансии на Њујорк наведува дека на врвот на листата е Египет со долг за паркирање од речиси два милиони долари. Повеќе од 500.000 долари должат Нигерија, Индонезија, Бразил, Мароко и Пакистан. Поголемиот дел од тој долг потекнува од казни за паркирање издадени пред 2002 година, а од тогаш значително е намалено неплаќањето на паркинг-услугите, бидејќи градските власти започнаа остра кампања за сузбивање на оваа појава. Портпаролот на египетската мисија во Обединетите нации вели дека не знае детали за овој огромен долг, а не сакале да коментираат ниту другите земји кои се наоѓаат на врвот на листата на должници.
Слично

Поврзани вести