Дипломати знаеле дека Кабул ќе падне во рацете на Талибанците
Американски дипломати во јули предупредиле на можноста да падне Кабул.
Дваесетина дипломати во Авганистан минатиот месец преку интерни депешеа го предупредиле државниот секретар Ентони Блинкен за потенцијален пад на Кабул во рацете на Taлибанците поради повлекувањето на американските воени, пишува Волстрит џурнал. Американската администрација наиде на големи критики во јавноста затоа што не вложила поголеми напори за евакуација на дипломатите и другите граѓани од Авганистан и авганистанските сојузници. Од неделата, градот е во рацете на Талибанците. Американски воени авиони го надлетувале денес главниот авганистански град Кабул за да ја гарантираат безбедноста на операцијата на евакуацијата на американските државјани и локалните помошници, објави денес Пентагон.
Генерал -мајорот на американската армија Вилијам Тејлор рече дека сега има отворено повеќе излези на меѓународниот аеродром во Кабул и дека досега се евакуирани околу 7.000 луѓе. Тој вели дека сега на аеродромот во Кабул има над 5.200 војници кои ја обезбедуваат евакуацијата. Пет лица, кои се здобиле со прострелни рани во областа во близина на аеродромот во Кабул, се пренесени во болница, објави денеска меѓународна медицинска организација.
