ДИПЛОМАТ ОД САД: Трамп со својата политика ги остварува соништата на Сталин
Eкс американскот амбасадор во Јапонија, Рам Емануел предупредува дека претседателот на САД, Доналд Трамп со својата политика ги остварува соништата на советскиот диктатор Сталин.
„Да се подели НАТО и да се наруши атлантската алијанса …Уште од времето на Русија под Јосиф Сталин, тоа беше единствената цел (на Москва), а американскиот претседател ја остварува таа заветната желба на Сталин“, рече Емануел, пренесе изданието Хил.
Актуелната американска администрација ги остварува „сите цели на руската надворешна политика“, вклучително и со тоа што прифаќа билатерални преговори со Москва. Тој им порача на европските лидери да испратат свои преговарачи бидејќи на САД им треба „надзор од возрасни“. Трамп сака брзо да заврши војната во Украина.
Тој за украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека е диктатор, но со тој став не се сложуваат повеќе републикански сенатори. Војната во Украина почна пред три години.
