Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриадис: Централната банка на Кипар е подготвена да соработува со Владата

Димитриадис: Централната банка на Кипар е подготвена да соработува со Владата

Директорорт на Централната банка на Кипар, Паникос Димитриадис изјави дека е подготвен да соработува со Владата за излез на земјата од финансиската криза, но под услов да се зачува независноста на Централната банка.

- Ние сме подготвени да одговориме на секое барање за соработка и координација за доброто на земјата, но само при целосна заштита на независноста на Централната банка на Кипар, како што бара и Централната европска банка, наведе Димитриадис во интервју за „Филелефтерос“.

Несогласувањата меѓу Димитриадис, именуван во мај минатата година од претходната комунистичка влада и сегашниот десноцентристички кабинет се продлабочија последните денови, по притисокот врз директорот да поднесе оставка поради пропаѓањето на банкарскиот систем.

Кипарскиот парламент минатата недела почна истрага против Димитриадис, а тројца претставници на Централната банка поднесоа оставки.

На тоа реагираше директорот на Европската централна банка Марио Драги, кој го предупреди кипарскиот претседател дека секој обид за отстранување на Димитриадис може да го одведе Кипар пред Судот на Европската унија.

Според законите на ЕУ еден директор на Централна банка може да биде ослободен од должноста само ако се утрвди дека повеќе не ги исполнува условите за работа.

Слично

Поврзани вести