Дилма Русеф останува на чело на Бразил
Актуелната претседателка на Бразил Дилма Русеф доби уште еден мандат на функцијата, откако вчера победи во вториот круг од претседателските избори во земјата.
Канидатката на Работничката партија освои 51,6% од гласовите, додека нејзиниот противник Есио Невес од бразилската Социјалдемократска партија освои 48,4% од гласовите.
Ова се податоци добиени врз основа на сите пребројани гласови.
Сепак резултатот покажува длабока поделеност во земјата по силната жестока кампања со обвинувања за корупција, непотизам, но и лични навреди меѓу двете спротивставени страни.
Ова е најтесна победа на еден бразилски претседател од првите директни претседателски избори во земјата во 1989 година, по воената диктатура во земјата.
Реизбраната претседателка се соочува со големи предизвици во својот втор мандат, а приоритет секако ќе биде економијата во застој, корупцијата и поделбата меѓу Брзаилците.
Но, Дилма Русеф ќе мора да спроведе и политички реформи во поделениот Конгрес, во кој владејачката коалиција има послаба поддршка отколку пред четири години.
„Сакам да бидам многу подобар претседател отколку што бев досега“, рече Русеф по изборот.
Слично
