Дијамантите не знаат за криза
Нето профитот на групата Алроса, светскиот лидер во производство на дијаманти е намален минатата година за пет отсто во споредба со 2012 година на 883 милиони долари.
Основна причина за падот на профитот, како што соопшти компанијата е зголемувањето на загубата како последица на курсните разлики.
Приходите на Алроса во 2013 година пораснаа за 12 отсто на 168,5 милијарди рубљи, првенствено поради зголемувањето на обемот на продажба во карати, која е зголемена за 15 отсто на 38 милиони карати што е го компензираше отсуството на раст на цената на дијамантите.
Групацијата Алроса минатата година покрај зголемувањето на приходот одржа и високо ниво на профитабилност. Од стартот на годината е вратено над 300 милиони долари од долгот и сега нивниот долг изнесува 3,76 милијарди долари, што е намалување за девет проценти.
Слично
