Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИЈАМАНТ ГОЛЕМ КОЛКУ ДЛАНКА ПРОНАЈДЕН ВО БОЦВАНА: Најголемо открите по дијамантот Кулинан ископан во 1905

ДИЈАМАНТ ГОЛЕМ КОЛКУ ДЛАНКА ПРОНАЈДЕН ВО БОЦВАНА: Најголемо открите по дијамантот Кулинан ископан во 1905

Канадската рударска компанија „Лукара Дајмонд“ соопшти дека во Боцвана открила дијамант голем колку дланка, што, во однос на каратите, ќе го направи втор по големина дијамант во светот.

-Масивен дијамант од 2.492 карати - втор по големина во светот - е откриен во Боцвана, се вели во соопштението на канадската рударска компанија која го пронајде каменот.

Дијамантот е откриен во рудникот за дијаманти Karowe во североисточна Боцвана со помош на рендген технологија за детекциј, информираше на Lucara Diamond Corp.

Лукара не даде вредност за дијамантот, ниту го спомна неговиот квалитет. Но, во однос на каратите, каменот е втор по 3.016-каратниот дијамант Кулинан откриен во Јужна Африка во 1905 година.

Сликите објавени од компанијата покажуваат дека дијамантот е голем колку дланка.

Ова откритие е „еден од најголемите необработени дијаманти некогаш ископани“ и е лоциран со помош на технологијата на компанијата за рендгенско скенирање Mega Diamond Recovery инсталирана во 2017 година за да се идентификуваат и зачуваат големите дијаманти со висока вредност, се вели во соопштението.

Тобијас Кормајнд, управен директор на најголемиот онлајн дијамантски пазар, 77 Diamonds, потврди дека тоа е најголемиот груб дијамант ископан по дијамантот Cullinan, чии делови ја красат круната на Британија.

„Ова откритие е во голема мера благодарение на поновата технологија која овозможува да се извлечат поголеми дијаманти од земјата без да се скршат на парчиња,“, рече тој.

Боцвана е еден од најголемите светски производители на дијаманти, негов главен извор на приход, со 30 отсто од БДП и 80 отсто од нејзиниот извоз.

Пред да биде објавено ова последно откритие, најголемиот дијамант откриен во Боцвана беше камен од 1.758 карати ископан од Лукара во рудникот Карове во 2019 година и именуван Севело.

Лукара пронајде и дијамантски камен од 1.174 карати во Боцвана во 2021 година користејќи ја истата технологија.

фото: EPA-EFE/LUCARA DIAMOND

Слично

Поврзани вести