Die Zeit: Европа срамно ја остава Меркел на судбината
Миграциската криза и разоткриениот мит за канцеларката на Германија. Кризата покажа дека Ангела Меркел е моќна само додека може да извади чековна книшка. Ова е мислењето на колумнистот Тео Зомер за германското издание „Die Zeit“.
Неодамна Меркел беше претставена како „најмоќната жена во светот“, како „Макијавели на германската политика“, како „таен хегемон на ЕУ“ - едни ја прославуваа, други се плашеа од неа.
Миграциската криза го разоткри овој мит и покажа дека германската канцеларка е моќна само дотогаш додека има можност да извади чековна книшка. Во ситуацијата со грчкиот долг овој пристап успеa. Но сега, кога федералната влада сака конкретни активности од европските партнери, но не може да ја купи нивна согласност со пари, таа не соработува. Европа по срамен начин ја остава Ангела Меркел на судбината.
„Таму каде што има волја, има и пат“ - изјавила Меркел, кога стануваше збор да биде спасена Грција. А сега таа е принудена да констатира дека се покажа во релативна осаменост со миграциската драма, што се случи оваа есен. И колку што во повеќето земји - европските партнери целоснo недостасува волјата за солидарност и помош, станува јасно дека патиштата за решавање на проблемот, кои ги замислува Меркел, се непроодни. Целосно се во ќор-сокак.
