Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џорџ Сорос: Златото го губи својот статус, милијардерот ги преполови резервите

Џорџ Сорос: Златото го губи својот статус, милијардерот ги преполови резервите
Познатиот инвеститор Џорџ Сорос изјави дека златото полека но сигурно го губи статусот на „инвестициско прибежиште", но и покрај тоа очекува централните банки да продолжат да купуваат благородни метали и тоа да ги задржат сегашните цени. Златото го губи својот статус и цена, а поради разочарување, повеќето инвеститори ги намалуваат своите златни резерви, изјави Сорос. „Но централните банки ќе продолжат да го купуваат, па не очекувам сериозно намалување на цените. Ако вие очекувате нови кризи, ќе има повремени падови или скокови во цените на благородни метали. На овој начин, златото изгледа прилично сигурно, но не и на долг рок“, смета Сорос. Во 2011 година, тој изјави дека "балонот" на цените на златото е прекумерно надуван и поради тоа Сорос ги преполови своите резерви во најголемиот светски фонд за благородни метали, „SPDR Gold Trust“ до 600 илјади акции во последниот квартал на 2012 година од 1.32 милиони акции претходно. Од почетокот на оваа година цената на златото падна за речиси 6% по 12 последователни години на константен раст.
Слично

Поврзани вести