„Џони Вокер“ го купува „Џим Бим“
Британската компанија „Diageo“, сопственик на брендот „Johnnie Walker“, преговара со јапонската корпорација „Suntory Holdings“ за заедничко купување на американската „Beam“.
Се очекува предложената цена да биде околу 10 милијарди долари. Според информациите на Блумберг, Јапонците сепак сакаат да станат 100-проценти сопственик на Beam.
Тоа значи дека преговорите со „Diageo“ нема да бидат воопшто лесни, објавија медиумите.
„Suntory Holdings“ во последната година е доста активна во стекнувањето на странски средства. Во 2009 година, компанијата го купи францускиот производител на безалкохолни пијалаци „Orangina Schweppes“, а подоцна и новозеландски „Frucor Beverages Group“ за 600 милиони долари. „Suntory“ е и дистрибутер на продукцијата на „Beam“ во Јапонија. Оваа компанија, покрај „Johnnie Walker“,произведува и други познати брендови, како водката Смирноф, пивото Гинис и ликерот Бејлис.
Американската „Beam“, освен на познатиот бренд виски „Jim Beam“, е сопственик и на коњакот „Courvoisier“, како и на виски од брендот „Maker `s Mark“,„Teacher` s“ и „Laphroaig“.
Слично
