Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џип експлодира од лошата батерија на Galaxy Note 7

Џип експлодира од лошата батерија на Galaxy Note 7
Samsung се соочува со големи проблеми откако батериите на Galaxy Note 7 се покажаа како ризични со 35 инциденти на експлозии, а во најновата џипот на еден корисник се запалил откако го полнел фаблетот преку USB кабел. note-7-pics Нејтан Дорнакер сведочи дека ја пратил неговата ќерка да го прибере кучето и таа силно вреснала. Кога излегле надвор со сопругата го погледнале џипот „Чероки“ од кој излегувал пламен, па пробал да го изгаси со ПП апарат, но само што ја отворил вратата се случила мала експлозија. Потоа повикал пожарникари, но џипот целосно изгорел. Тој се сомнева дека виновена е батеријата на Galaxy Note 7 уредот кој го купил пред само една недела. Samsung од продажба повлече 2.5 милиони примероци на Galaxy Note 7 што ќе го чини 1 милијарда долари и посочи дека ќе ги замени сите фалични модели.
Слично

Поврзани вести