Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏИХАДИСТИТЕ СЕ ЗАКАНИЈА: Ќе ги убијат Јапонскиот и Јорданскиот заложник

ЏИХАДИСТИТЕ СЕ ЗАКАНИЈА: Ќе ги убијат Јапонскиот и Јорданскиот заложник

Исламската држава денеска се закани во нова аудио порака објавена на интернет дека ќе ги убие заложниците, Јапонецот Кенџиј Гот како и Јорданскиот пилот.

Човекот, кој тврди дека е Гото, побарал веднаш да се ослободи Ирачанката Саџида ел Ришави, осудена за обид на самоубиство во бомбашки напад во Јордан во 2005 година, пренесува јапонската агенција Кјодо.

Во таа наводна порака на порака на Гото се вели дека тоа е последната неговоа порака и дека му преостануваат уште 24 часа да живее.

Истиот глас кој наводно му припаѓа на Гото, вели дека на јорданскиот пилот за кој се верува дека го држат џихадистите на Исламската држава, му останало да живее „уште малку“.

Во испратената пишана порака на англиски јазик се наведува дека тоа е втора порака на семејството на Гото и јапонската влада, наведува јапонската агенција.

Агенцијата Ројтерс пренела дека денеска се состанале високи јапонски претставници за да ја утврдат автентичноста на пораката.

Британската агенција додава дека гласот на мажот е многу сличен на онаа претходната снимка за која Токио верува дека му припаѓа на Гото.

Слично

Поврзани вести