Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џихадистите се веќе во Европа!

Џихадистите се веќе во Европа!

Бруталното насилство на исламистите не се сведува само на нивните злосторства во Сирија и Ирак.

Уште долго "Исламската држава" ќе ја задржи во неизвесност и Европа, пишува Николас Бусе во својот коментар во ФАЦ.

Трите атентатот од петоко (26.06.2016) најверојатно немаат директна врска меѓу себе, бидејќи беа извршени на три оддалечени едно од друго места и имаа различни цели.

Во Тунис беа нападнати туристи, во Франција - една фабрика, а во Кувајт - џамија. Но и трите напади се доказ за тоа дека жедните исламисти не се задоволуваат само со Сирија и Ирак.

Примамливи ветувања

Првично "Исламска држава" ја презеде одговорноста само за нападот во Кувајт, но без сомнение има прст и во другите два напади.

Самопрогласениот калифат инспирира многумина од различни држави и ги претвора делумно во свои сојузници. Претходникот и непријател на "Исламска држава" - Ал-Каеда - така и не успеа да го стори тоа во такви размери. Можеби ова се должи на фактот дека "Исламска држава" мами следбеници со сопствена територија и ветувањето за спасение, кое може да биде за исхрана уште на овој свет?

Теророт се пренесува во Европа

На прв поглед станува збор за различни стратегии. Нападите во двете арапски земји беа извршени на познатиот шаблон. Нападот во Тунис беше насочен против туризмот, кој е еден од најважните извори на приходи за земјата. Нападот во Кувајт, како и предходнитe напади во Саудиска Арабија, беше на верска основа. Во Франција сепак сме сведоци на нешто ново: експлозијата во гасна фабрика е нешто ново како замисла. А со тоа што беше обезглавен и еден невин човек, покажува дека методите за егзекуции, кои ни познати од џихад видео пораките, се пренесуваат и во Европа.

Салафизмот ќе ја држи Европа во тензија уште долго време.

Обработка:И.Р.

Коментар на

Николас Бусе Frankfurter Allgemeine Zeitung www.faz.net Frankfurter Allgemeine Zeitung GmbH, Frankfurt am Main

(Салафизам е верска секта настаната од сунитскиот ислам, чии членови тежат да се идентификуваат со она што сметаат дека ги карактеризирало првите муслимани. Најекстремните припадници на оваа секта, следејќи го своето толкување на џихадот, изведувале самобомбашки терористички акции . Во 2014 година членовите на оваа секта прогласиле таканаречена Исламска држава на подрачјето на Сирија и Ирака, прогонувајќи и убивајќи сите оние кои ги виделе како „неверници“ (христијаните), како и оние муслимани кои не се сложувале со нивното толкување на исламот. Во својата држава, салафистите во праксата вовеле отсекување на глави, распнувње на крст и ропство)

Слично

Поврзани вести