(ВИДЕО) Џихадистите организираат терористички напади во Русија
Припадниците на Исламската држава планирале да кренат во воздух железница во Москва.
Руската полиција во стан во Москва открила 11 килограми експлозив и рачни бомби.
Федералната служба за безбедност на Русија , потврди дека дел од 15те мажи кои се уапсени во терористичкиот заговор, биле обучувани во камповите на ИСИС во Сирија.
„Утврдено е дека шест до 11 лица повремено доаѓале на конкретна адреса во Москва, а некои од нив поминале воена обука во кампови на терористите на Исламска држава на територијата на Сирија и пристигнале во Русија долго време пред почетокот на руската воена операција во таа земја“, рече прес-службата на ФСБ.Тој додаде дека за време на распитот на осомничените, брзо станало јасно дека „тие планирале терористички напад на јавниот транспорт во Москва."
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=7Ep6AkjW_Xs[/embed]Безбедносните сили евакуирале над 120 жители од станбената зграда каде што е пронајден експлозивот.
Колку за споредба, количината на екплозив што е најдена во станот во Москва е иста со онаа со која е извршен масакрот во Анкара, само што оваа требало да биде активирана преку мобилен телефон.
Инаку, џихадистите неколкупати јавно му се заканија на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе му се одмаздат за нападите во Сирија.
