Џихадистите напаѓаат цивилно население со боев отров
Припадниците на Исламската држава при напад на еден град во ирачката провинција Анбар користеле бомби со отровен гас хлорин, пренесуваат светските медиуми.
Според нивните информации нападот бил насочен кон регион во кој нема ирачка војска, туку само цивилно население кое веќе се месеци е изложено на постојани напади.
„Џихадистите го бомбардираа дистриктот Багдад во провинцијата Анбар со боеви глави кои беа наполнети со хлорин“, наведуваат ирачките медиуми.
Ирачките претставници претгодно кон средината на септември потврдиле дека џихадистите користат отровен гас во судирите со своите противници.
Според нивните извештаи, сега бил нападнат градот Хит, кој се наоѓа северозападно од главниот град на провинцијата Анбар, Рамадија, кој е изложен по постојани напади.
„Во дистриктот Багдад има недостаток на храна, медицинска опрема и млеко за децата, што пак доведува до голема смртност кај младата популација“, истакнуваат локалните безбедносни служби.
Џихадистите го прекинале и доводот на вода во градовите на провинцијата Анбар, по што поставиле снајперисти со цел да спречат локалните власти да ги поправат оштетувањата во водоводната мрежа.
Слично
