Џихадистите му се заканија на Обама дека во Белата куќа ќе му ја отсечат главата
Џихадистите од Исламската држава емитуваа три нови видео сними, во кои се закауваат дека ќе ги убијат јорданските и јапонските заложници, а директна закана упатија и до американскиот претседател Барак Обама дека во Белата куќа ќе му ја отсечат главата, јавува американската телевизија „Фокс њуз“.
Во едната од видео пораките, тројца џихадисти стојат нас еден клекнат курдски борец, и еден од џихадистите му порачува на Обама дека ќе дојде во Америка.
„Обама ќе дојдеме во Белата куќа и таму ќе ти ја отсечеме главата“, вели џихадистот на арапски јазик.
Џихадистите се заканија дека во европските држави Франција и Белгија ќе изведат напади со автомобили – бомби и со експлозиви.
Во посевна порака џихадистите се заканија дека во рок од 24 часа ќе ги убијат и јапонскиот заложник и јорданскиот пилот ако Јордан не ја ослободи Саџиде ал-Ришави која е осудена на девет години затвор за учество во нападите на хотелот во Аман кога загинале над 57 лица.
Слично
